Skip Navigation Links
Проекти

 

 

1. Спроведувањето на Проектот за "Консолидирање на правните и институционалните основи за социјален дијалог во земјите од Западен Балкан и Молдавија", започна на 12 март 2008 година.  Овој проект е поддржан од Владата на Австрија, а ќе го спроведува Меѓународната организација на трудот во следните 3 години. Партнери во овој проект од страната на Република Македонија се Министерството за труд и социјална политика, асоцијации на работодавачи и асоцијации на работници.  Целта на проектот е градење на капацитетите на институциите за социјален дијалог и подобрување на капацитетите на трите засегнати страни.  

2. Twinning проектотПреглед на националното трудово законодавство“ се имплементира од страна Министерство за труд, социјални работи и семејство-Братислава, претставени од мандатното тело на АРР Сенец-Пезинок, Братиславски регион, финансирано од ЕУ а управуван од Европска агенција за реконструкција. Проектот со имплементација започна во јуни 2008 година, има за цел подобрување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика за усогласување на трудовото законодавство со законодавството на Европската Унија и најдобрите практики во оваа област во ЕУ.  Во рамки на Проектот, се врши анализа и оценка на усогласеноста на македонското трудово законодавство со директивите на ЕУ, преку подготвувањето на соодветните кореспондентни табели за повеќе од 40 директиви од областа на трудово право, од кои ќе може детално да се согледа степенот на усогласеноста на националното со европското законодавство и да се идентификуваат потребните понатамошни чекори во насока на транспонирање на acquis.Претставници на социјалните партнери се членови на сите работни групи формирани во рамки на имплементацијата на овој Проект (Услови за работа, информирање и консултирање на работниците; Еднаков третман и антидискриминација; Здравје и безбедност при работа).

 3. CARDS проект „Поддршка на политиката за вработување - 3 фаза“  во 4-та компонента е предвидено зајакнување на капацитетите на социјалните партнери.

4.Во месец Мај 2007 година во рамките на Министерството за труд и социјална политика започна имплементацијата на Проектот Социјален дијалог и локален економски развој во Република Македонија“.Проектот е финансиран од страна на УСАИД – деловно опкружувањ (БЕА).Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на социјалните партнери на национално ниво како и воспоставување и функсионирање на социјалниот дијалог на локално ниво.