Економско-социјалниот совет врз основа на членот 10 од Спогодбата за формирање на Економско-социјален совет, на седницата одржана на 25.04.2003 година, усвои
ДЕЛОВНИК
за изменување и дополнување на Деловникот за
работа на Економско-социјалниот совет
Член 1
Во Деловникот за работа на Економско-социјалниот совет, усвоен на седницата на 28.01.1998 година, во членот 3, став 6 зборовите:,,усвојувањето на иницијативата,, се заменуваат со зборовите: ,,поднесувањето на иницијативата со предлог-писмен материјал и образложение за итноста на предложениот материјал,, .
Член 2
Во членот 4, став 2, точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: ,,а најмалку еднаш квартално,, .
Член 3
Во членот 9 зборовите: ,,присуствуваат најмалку по 2 од потписниците на Спогодбата и 1 од експертите,, се заменуваат со зборовите: ,,присуствува мнозинството од членовите на Советот при што секој од претставниците на Спогодбата мора да има по еден примерок,, .
Член 4
Во членот 13 ставот 2 се брише.
Член 5
Во членот 19, став 3 по зборот ,,свикуваат,, се додава буквата ,,и,, .
Член 6
Овој деловник влегува во сила од денот на неговото усвојување.
Економскo - социјален совет
Скопје, 25.04.2003 година
|