Економско-социјалниот совет врз основа на член 10 од Спогодбата за формирање Економско-социјален совет, на својата седница од 28.01.1998 година, усвои
Д Е Л О В Н И К
за работа на Економско-социјалниот совет
I.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Деловникот за работа на Економско-социјалниот совет (во натамошниот текст: Советот) се уредува начинот на работа на Советот и информирањето за неговата работа.
Член 2
Деловникот за работа на Своетот е задолжителен за сите членови на Своетот, како и за сите други учесници во работата на Советот.
II. НАЧИН НА РАБОТА НА СОВЕТОТ
Подготовка и свикување
на седниците
Член 3
Советот работи на седници.
Иницијатива за свикување седница на Советот може да покрене секој член на Советот.
Иницијатива може да покрене секој од потписниците на Спогодбата за формирање Економско-социјален совет.
Иницијативата од став 2 и 3 на овој член ја разгледува Советот и ја усвојува со мнозинство гласови од присутните.
Иницијативата за свикуквање на седница на Советот се покренува писмено со образложение.
Претседателот на Советот е должен да свика седница на Советот во рок што ќе го побара подносителот на иницијативата или најдоцна 10 дена од усвојувањето на иницијативата.
Член 4
Седниците на Советот ги свикува претседателот на Советот, а во случај на спреченост еден од неговите заменици.
Седницата на Советот се свикуваат по потреба.
Сседниците се свикуваат со покана со предлог дневен ред и работен материјал најмалку 8 дена пред одржувањето на седницата.
Во исклучителени случаи, седницата може да се свика во покус рок од предвидениот и усно без покана, односно работен материјал.
Член 5
Дневниот ред за седницата го предлага претседателот, а го утврдува Советот на самата седница.
Секој член на Советот може да предложи измени и дополнувања на дневниот ред со образложение.
Дневниот ред се усвојува ако за него се изјасниле мнозинството од присутните членови на Советот.
Одржување на седниците
Член 6
Во работата на Советот учествуваат члеовите на Советот.
Во случај на спреченост на членот на Советот учествува неговиот заменик.
Во зависност од содржината на дневниот ред по потреба во рабаотата на Советот учествуваат и претседавачи на работните тела на Советот претставници на научни и стручни организации и институции и соработници од стручните служби на членките на Советот, или лице за кои ќе се изјасни Советот.
За присуството на овие претставници, членовите на Советот се информираат со поканата за седницата.
Учесниците во работата на седницата на Советот кои не се членови на Советот немаат право на одлучување.
Член 7
Замениците на членовите на Советот ги заменуваат членовите во следниве случаи:
- кога членот објективо е спречен да присуствува на седниците на Советот;
- ако членот на Советот престане да биде член од било која причина, до изборот на нов член.
Член 8
Со седницата на Советот раководи претседателот на Советот.
Во отсуство на претседателот, со седницата раководи еден од неговите заменици кој наизменичо ќе ги определува претседателот на Советот.
Член 9
Седница на Советот се одржува доколку присуствуваат најмалку по 2 од потписниците на Спогодбата и 1 од експертите.
Член 10
Времетраењето на дискусиите не е ограничено.
Дискусијата на учесникот може да биде прекината доколку отстапува од дневниот ред.
Редоследот на учесниците во дискусијата е согласно пријавувањето.
Член 11
Советот може од претседателот или друг надлежен претставник да побара подетално запознавање и информација за одделни точки од дневниот ред.
Член 12
Советот може да побара мислење, ставови и препораки по одредени значајни прашања од своите работни тела пред нивното конечо усвојување.
Член 13
Советот, по правило, мислењата, предлозите и препораките ги усвојува со консензус или со гласање ако претседателот, односно членовие претходо го побараат тоа.
Документите од став 1 на овој член се усвоени ако за нив гласале 2/3 од членовите на Советот, односно најмалку по 2 од потписниците на Спогодбата и 1 од експертите .
Член 14
Секретарот и замениците на претседателот му помагаат на претседателот на Советот во комуникацијата, организирањето и одржувањето на седниците на Советот.
Член 15
Согласно дневниот ред до членовите на Советот и другите учесници во работата на седниците на Советот се доставуваат работни материјали.
Работните материјали ги изготвува предлагачот на точката на дневниот ред односно Стручната служба во Министерството за труд и социјална политика или друга надлежна институција.
Член 16
Советот усвоените документи по одредени прашања од економско-социјалната сфера ги проследува до Собранието, Владата на РМ, соодветните министерства и другите надлежни органи.
Советот бара повратна информацијиа од Владата, министерствата и другите органи.
Член 17
Советот има право со соодветните институции и органиѕации да соработува и да бара потребни информации и податоци заради извршување на својата работа, со исклучок на деловните тајни.
Советот може да овласти поединци или истражувачки групи од специјалисти или експерти, како и директно да соработува со соодветните министри, службите на министерствата и др.
За изготвување на документите, Советот може да склучува договори со кое било трето лице.
За изготвувањето на соодветните документи и проекти кои ќе се подготвуваат за потребите на Советот, ќе се обезбедуваат средства од Републичкот буџет.
Член 18
Советот формира постојани и повремени работни тела со посебн одлука.
Член 19
Секое работно тело го сочинуваат по 1 претставник од потписниците на Спогодбата за формирање Економско-социјален совет и 1 од организации и институции. Работата на работните тела ја води претседавач кој се избира од составот на работните тела.
На седниците на работните тела може да бидат повикувани и претставници на организации и институции непосредно заинтересирани за прашањата на дневниот ред или заради усно искажување на мислења и информации од интерес за работата на работното тело.
Седници на работните тела се свикуваат на барање на претседателот на Советот.
Член 20
Деловникот за работа на Советот може да го применуваат и работните тела.
Член 21
За секоја одржана седница на Советот се води записник.
Секој член на Советот има право да бара во записникот да се внесе неговотомислење.
Записникот го води секретарот на Советот.
Записникот го потпишува претседателот на Советот.
Записникот се усвојува на наредна седница на Советот.
III. ИНФОРМИРАЊЕ
Член 22
Работата на седницата на Советот е јавна.
Во одредени случаи седниците на Советот можат да бидат од затворен тип.
За својата работа Советот редовно ја информира јавноста со соопштенија преку средствата за јавно информирање и други форми на информирање.
Членовите на Советот редовно ја информира јавноста со соопштеија преку средствата за јавно информирање и други форми на информирање.
Членовите на Советот имаат право да ја информираат јавноста за ставовите и мислењата по одрседени прашања кои не се прифатени при усвојувањето на документите на Советот.
IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23
Деловникот стапува во сила од денот на неговото усвојување.
Економско социјален совет
Претседател,
Скопје, 28.01.1998 година
|