Skip Navigation Links
Управување со ЕСС

 

Управување  

Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:

  • претседател и двајца заменици на претседателот
  • секретар

Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција. 

Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата. 

Секретарот на Советот е лице од Министерството за труд и социјална политика, кој ги врши административно - техничките работи и му помага на претседателот на Советот во комуникацијата и одржување на седниците на Советот.

 Надлежности

  • ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
  • му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
  • им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
  • дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
  • ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
  • го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
  • дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.

(4) Економско социјалниот совет се основа со спогодба помеѓу Владата, синдикатот и здружението на работодавачите.

(5) Со спогодбата за основање на Економско социјалниот совет поблиску се определуваат неговите овластувања.  

(6) Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.  

(7) Економско социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на советот.