Skip Navigation Links
Начин на работа на ЕСС

 

Начин на работа 
 
Советот работи на седници.
Седниците на Советот ги свикува претседателот на Советот по потреба и тоа најмалку еднаш квартално.
Седниците се свикуваат со покана со предлог дневен ред и работен материјал најмалку 8 дена пред одржување на седницата.
Дневниот ред за седницата го предлага претседателот, а го утврдува Советот на самата седница.
Секој од членовите може да преложи измени и дополнувања на дневниот ред.
Работните материјали ги изготвува предлагачот на материјалот или друга надлежна институција.
Усвоените документи од економско- социјалната сфера се проследуваат до Собранието, Владата на РМ, соодветни министерства и други надлежни органи.
За одредени прашања Советот формира посебни работни тела.
Работата на седницата на Советот е јавна и за својата работа ја информира јавноста со изјави или соопштенија.
Секој од членовите може да покрене иницијатива за свикување на седница на Советот.

 

 Одлучување 

Дневниот ред на седницата на Советот се усвојува ако за него се изјаснат мнозинството од присутните членови на Советот.
По правило мислењата, предлозите и препораките, Советот ги усвојува со консензус, а доколку некој од членовите или претседателот побараат, истите може да се усвојат со гласање.

 

Заклучоци 

Економско - социјалниот совет разгледа повеќе законски и други прописи, проекти и материјали од економската и социјалната свера и при тоа беа донесени повеќе предлози, мерки и заклучоци

 

Поблиски одредби за начинот на работа и одлучувањето на Советот по конкретно се утврдуваат со деловодникот за работа на Советот.