Skip Navigation Links
Меѓународна соработка

   

1. Република Македонија е членка на Меѓународната организација на трудот и има ратификувано 69 Конвенции кои претставуваат значајни стандарди на трудот. Ратификуваните конвенции со дел од внатрешниот правен поредок на Република Mакедонија и затоа запознавањето со нивната содржина е од големо значање.

Меѓународни конвенции  кои се релевантни за социјалниот дијалог кои ги има ратификувано Република Македонија се Конвенцијата за слобода на здружување, Конвенцијата за заштита на правото на организирање и колективно договарање, Конвенција за претставници на работниците и Конвенција за трипартитни консултации.

2. Економско - социјалниот совет во месец јуни 2008 година стана член на Меѓународна организација на економско-социјални совети и слични институции.Целите на Интернационалната организација на економско социјални совети и слични институции е промоција на социјалниот дијалог помеѓу економските и социјални партнери на глобално ниво и размена на искуства помеѓу земјите членки на организацијата.Организацијата дава потстрек за формирање на економско социјални совети во државите каде таквите тела се уште не се формирани и поддршка преку размена на изкуства од работењето на веќе постоечките совети со цел зголемување на економскиот развој на човештвото во духот на демократијата и мирот водејќи се од принципите на Обединетите нации и Универзалната декларација за човечките права.