Добија решенија за репрезентативноста синдикатите и здружениe на работодавачи
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи ("Службен весник на Република Македонија" бр.130/09) од страна на министерот за труд и социјална политика г-дин Џељаљ Бајрами, а по предлог на Комисијата за утврдување на репрезентативноста заклучно со 15.07.2010 година се утврди репрезентативноста на следните синдикати и здружение на работодавачи.
Репрезентативни синдикати и здружение на работодавачи за територијата на Република Македонија се :
- Сојуз на синдикати на Македонија (скратен назив ССМ),
- Конфедерација на Слободни синдикати на Македонија(скратен назив КСС) и
- Организацијата на работодавачи на Македонија(скратен назив ОРМ).
Репрезентативни синдикати на ниво на јавен сектор се :
1. Конфедерација на Слободни синдикати на Македонија и
2. Сојуз на синдикати на Македонија.
Репрезентативно здружение на работодавачи на ниво на приватен сектор од областа на стопанството е :
- Организацијата на работодавачи на Македонија.
Репрезентативни синдикати на ниво на гранка односно оддел се :
1. Синдикат на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република на Македонија, на ниво на гранка, односно оддел во областа на одгледување на шуми, користење на шуми и соодветни услужни дејности (членка на ССМ) ;
2. Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Република на Македонија, на ниво на гранка, односно оддел во приватниот сектор во областа на производството на кожа и предмети од кожа (членка на ССМ) ;
3. Македонски полициски синдикат, на ниво на гранка, односно оддел (членка на ССМ)
4. Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, на ниво на гранка односно оддел во јавен сектор во областа на здравството и социјална заштита (членка на ССМ) ;
5. Синдикат на работниците од Агро индустрискиот комплекс на Република на Македонија, на ниво на гранка, односно оддел во приватниот сектор во областа на земјоделство, производство на прехранбени производи и пијалоци и производство на тутунски производи (членка на ССМ) ;
6. Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанството на Македонија, на ниво на гранка односно оддел во приватниот сектор во областа на снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода(членка на ССМ) ;
7. Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија (Скратен назив “СУТКОЗ „), на ниво на гранка, односно оддел во јавниот сектор во областа на собирање, пречистување и дистрибуција на вода, отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни и слични активности и други услужни дејности (членка на ССМ) ;
8. Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (скратен назив “СГИП„) на ниво на гранка, односно оддел во приватниот сектор во областа на градежништвото и производство на производи од други нематални минерали (членка на ССМ) ;
9. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (скратен назив СОНК ), на ниво на гранка односно оддел во јавен сектор во областа на образование, наука и култура (членка на КСС);
10. Синдикат на одбраната и безбедноста (скратен назив СОБ ), на ниво на гранка односно оддел во јавен сектор во областа на одбраната (членка на КСС) ;
11. Синдикат на работниците во Стамбено-деловните и Комуналните организации (Скратен назив “ССКО „), на ниво на гранка, односно оддел во јавниот сектор во областа на собирање, пречистување и дистрибуција на вода, отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни и слични активности (членка на КСС) ;
12. Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија, на ниво на гранка односно оддел во јавниот сектор во областа на снабдување со електрична енергија, гас и вода (членка на КСС);
13. Синдикат за транспорт и врски (скратен назив „СТВ“ ), на ниво на гранка односно оддел во јавен сектор во областа на сообраќај, складирање и врски (членка на КСС);
14. Коалиција на независни синдикати на Македонија – Охрид (скратен назив КНСМ), на ниво на гранка, односно оддел во областа на производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место;
15. Синдикат на работниците од финансиските организации на Македонија (скратен назив “СФОМ„) на ниво на гранка, односно оддел во приватниот сектор во областа на финансиско посредување.
7/22/2010 |