Поделени решенија за репрезентативноста на национално ниво на синдикатите и на здруженијата на работ
 Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, свечено им врачи решенија за утврдување на репрезентативноста на национално ниво на синдикатите и на здруженијата на работодавачи.
“Денес ќе потпишеме согласност со ССМ, Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи сопогодба со која што се обврзуваме дека во рок од 20 дена од денешниот, ќе ја усогласиме содржината на спогодбата за формирање на економско - социјалниот совет.“- рече министерот Бајрами.
Претседателот на ССМ, Живко Митровски од своја страна истакна дека со институционализирањето на економско - социјалниот совет многу прашања ќе се решаваат на еден европски начин.
Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи рече дека тоа ова за нив е значаен чин и дека се врти нова страница во соработката со Владата во формирањето на советот, потребен во делот на економската и социјалната сфера за заеднички ставови и решенија.
Решенија за утврдување на репрезентативноста добија Сојузот на Синдикати на Македонија, Организацијата на работодавачи на Република Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
6/29/2010 |