Skip Navigation Links
Обуки и семинари

На 21.04 2008 претставници на МТСП и претставници на социјалните партнери учествуваа на семинар посветен на социјалниот дијалог. Претставник на Министерството за труд на Белгија го презентираше белгискиот модел на социјално партнерство, со посебен осврт на прашањата  за  определување на репрезентативноста,  колективното договарање и неговото промовирање, мирното решавање на работните спорови, како и прашањата на регулирање на штрајкот и локаутот.

На 22 и 23 Април 2008 година Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од USAID проектот за деловно опкружување и во соработка со Меѓународната Организација на Трудот (МОТ) организираше трипартитен семинар на тема „ Индустриските односи во Република Македонија  во однос на меѓународните  стандарди на трудот: соочување со предизвиците“ чии цели беа:

·        да  се запознаат социјалните партнери со меѓународните стандарди на трудот  во однос на индустриските односи

·        да се разгледаат прашањата поврзани со слободата на организирање, колективното договарање и репрезентативноста

·        да се промовира социјалниот дијалог