Социјалниот дијалог во Република Македонија е воспоставен и функционира на повеќе нивоа и тоа на трипартитно и бипартитно ниво.
Основ за воспоставување и функционирање на социјалниот дијалог се : Законот за работни односи ("Сл. весник на РМ" 62/2005 година), Спогодбата за формирање на Економско- социјалниот совет ( "Сл. весник на РМ" бр.7/1997), Конвенцијата на МОТ за слобода на здружување и заштита на правото на организирање бр. 87, Конвенцијата на МОТ за правото на организирање и колективни преговарање бр. 98, Конвенцијата на МОТ за трипартитни консултаци бр. 144, Препораката на МОТ бр. 152 за меѓународни трудови стандарди.
Законот за работни односи од 2005 година постави законска рамка за функционирањето на социјалниот дијалог на бипартитно и трипартитно ниво. Законот утврдува правила за создавање на организации на работници и работодавачи како и за колективното договарање и работните односи помеѓу двете страни. Законот дава основа и за создавање на Економско Социјалниот Совет (ЕСС) кој служи како форум за трипартитни консултации помеѓу Владата на Република Македонија и социјалните партнери на економски и социјални прашања, како и прашања на трудот. ЕСС е создаден со трипартитен договор помеѓу Владата на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија во 1996 година.
|